Како да се справите со поткожните влакна засекогаш

од Vladimir Zorba

Стана топло и проблемите на дамите се зголемија. Покрај новиот гардеробер и килограмите, сега треба да се грижиме и за отстранување на влакната. И додека нозете не бараат којзнае колку специфична подготовка, бикини зоната е нешто сосема друго.

Без разлика дали користите жилет, депилациони ленти или депилатор, сраснатите во кожата влакна остануваат проблем со кој дамите не можат да се изборат лесно.

Кое е решението открива дерматолог д-р Сејал Шах, експерт во клиниката SmarterSkin Dermatology, Њујорк.

Најлесен начин да немате чешање, испакнатини, сраснати влакна, црвенило е, ако едноставно оставите влакната да растат. Од естетска и хигиенска гледна точка, сепак тоа е недозволиво, особено во жештина!

Пред туш

“Користете влажна крпа во областа на бикини зоната. Бришете го нежно местото со кружни движења. Така ќе ја подготвите кожата за брич “, советува Шах.

Под туш

“Задолжително нанесете некој производ за бричење, за да омекне кожата. Користете ново ноже и бричете во насока на растењето на влакната без да притискате “, додава дерматоложката.

По туширање

Откако ќе го избришете телото со бањарка, нанесете крем за хидратација, за да не се создаваат враснати влакна. Пожелно е да има минимален контакт до местото во следните 48 часа, па затоа е убаво да ги намалите активностите во спалната соба.

Заборавете на сексот веднаш по бричење! Ако и покрај овие напори, продолжувате да се борите со поткожните влакнаа, можеби треба да се ориентирате кон ласерско отстранување на влакна, советува д-р Шах.

Слични содржини