Како да се заштитите од дебелеење во канцеларијата

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Лесно е да качите неколку килограми, ако работата ви е зад биро и по цел ден мора да седите. Тогаш јадете не само од глад, туку и од досада и тоа не особено здрави нешта.132a8532443d2b2b078cea38c4c43922

Покрај тоа искушенијата се насекаде – трафиката е токму спроти прозорецот, колегите често јадат со причина и без, а машината за грицки е на катот и секој пат ве дразни на патот кон кујната за кафе или вода.

Недвижењето исто така ви дава доволно време да пикајте што ли не во устата. А, сепак сето тоа се ситни оправдувања за тековната состојба на вашето тело. Толку ли е тешко да се придржувате кон режим на исхрана и во канцеларијата?

Не брзајте да одговорите, туку погледнете што може да направите за да бидете во форма, дури и кога стоите затворени по 8 часа во зградата:

Носете си ручек од дома

Да, не е многу згодно да влечете кутии секој ден, но резултатот ќе вреди. А и многу луѓе го прават тоа, па нема од што да се плашите. Така ќе имате контрола не само врз квалитетот, туку и на количеството на храната што ја конзумирате.

Подгответе го ручекот од претходниот ден според режимот на исхрана, кој сте ја одбрале да го следите.

Изберете мудро

Сепак може да ви биде потребно да отидете на работен ручек. Во овој случај е подобро да се обложите на супи и салати (без непотребен дресинг) или порција со пилешко / мисиркино месо и риба со повеќе зеленчук. Ручекот надвор не е причина да пробате половина работи од менито што онака ве мрзи да ги готвите дома.

Избегнувајте ги слатките работи

Заборавете на машината за грицки во ходникот. А кога колегата ќе ве почести за својот роденден, може да земе парче торта од учтивост, но никој не ве обврзува да се нафрлате врз него. Подоцна фино може да го вратите во кујната, па да не ја навредите роденденката.

Пијте повеќе вода

Не само што таа е важна и корисна за организмот, туку и држи стомакот полн. Уште со доаѓањето во канцеларијата ставете на маса шише од 1,5 литри вода, па да ви паѓа во очи и си постави за цел да ја испиете целата до крајот на работниот ден.

Отстранете ги искушенијата од бирото

Многу луѓе ги користат фиоките на маса, за да ги полнат не само со документи и канцелариски работи, туку и како магацин за грицки. Не бидете од нив! Ако толку прегладнувате, држете внатре плод, јогурт или сурови ореви. Па дури и да ве гони “емоционален глад” (често предизвикан од некакви негативни емоции или иритација) да не ја престапите диетата и режимот на исхрана.