Животот е премногу краток за да го поминувате со вишок килограми, чувствувајќи се непривлечни, па дури и депресивно. Единствено што може да ви помогне во слична ситуација, се крајните мерки. Од вас зависи дали ќе живеете здраво и ќе се чувствувате добро или ќе го изберете полесниот, но несреќен пат, по кој ќе продолжите.
Еве и неколку совети со кои ќе успеете да го трансформирате своето здравје и ќе се радувате на позитивните резултати од корисниот начин на живот:
1. Обидете се сами да приготвувате храната. Вие сте она со што се храните, па што може да очекувате од вашето тело ако го напојувате со евтина и брза храна?Замрзнатите вечери можат да бидат поудобни, но тие дефинитивно не се вистинскиот избор. Трудете се сами да ја приготвувате својата храна, за да бидете сигурни дека се поштедувате од сите непотребни конзерванси и адитиви.
2. Избегнувајте го или ограничете го шеќерот. Рафинираниот шеќер, кој го има во бонбоните и сите деривати на слатки искушенија, може да доведе до зголемување на телесната тежина, развој на рак и бројни други здравствени проблеми. Значи заменете го рафинираниот шеќер со овошје, за да го подобрите своето здравје и да ослабнете истовремено.
3. Избегнувајте газирани пијалаци.Можеби на вашите рецептори за вкус им се допаѓа вкусот на газирани пијалаци, но тие не се ништо друго освен комбинација од штетни состојки, кои имаат штетно влијание врз вашето тело. Наместо уште газиран пијалок, испијте вода со сок од лимон и мед, и ќе ја почуствувате разликата. Водата ќе ви помогне да го намалите подуениот стомак и ќе влијае добро на дигестивниот систем.
4. Бидете активни. Престанете да повторувате дека од утре ќе почнете да одите на фитнес.Не ја оправдувајте својата мрзеливост и неподготвеност со зафатениот распоред и т.н. Човек секогаш наоѓа време кога има желба. За да биде транзицијата кон физичките вежби максимално безболна, измислете си физичка активност, која би ја правеле со најголемо задоволство. На пример, запишете се на танцување, трчајте во паркот, прошетајте подолго, возете велосипед и т.н. Со помош на активноста не само што ќе се разделите со вишокот килограми, но и ќе се чувствувате здрави.
5. Наспивајте се доволно. Не одложувајте го спиењето за предоцна, бидејќи недоволниот сон е стрес за вашиот организам. Вие не само што нема да се чувствувате добро и ќе бидете поспани следното утро, но и нема да бидете способни да тренирате, на пример. Освен тоа, недоволниот сон го поттикнува телото да лачи повеќе од хормонот кортизол, кој се поврзува не само со стресот, но и со зголемување на телесната тежина. Значи, настојувајте да одите на спиење навреме и да добивате по околу 7-8 часа спиење дневно.