Како да знаете кога е време за нова памучна маска?

од Stefanija Kuzmanovska

Маските станаа моден додаток заради пандемијата на коронавирус. Многу од нив имаат различни форми и модели, а кога станува збор за удобност, луѓето генерално се согласуваат дека најмногу сакаат памук.

Како и секое парче ткаенина, памучните маски ќе треба да се заменат со текот на времето, но некои се прашуваат како да знаат дека дојде моментот.

„Маските ќе станат поолабавени со текот на времето, а со тоа и помалку ефикасни. Ова се случува поради редовно перење”, објаснува Џон Чан, раководител на лабораторијата за тестирање за USA Today Reviewed.

Како да препознаете дека вашата маска за лице е истрошена?

„Маските најдобро е да се менуваат секоја сезона“, тврди епидемиологот Крис Џонсон за The Philadelphia Inquirer.

Ако маската изгледа премногу лабава, заменете ја. Кога маската не се лепи на лицето, таа ја губи својата ефикасност. Ако треба постојано да ја поправате на лицето, полесно е да набавите нова. Исто така, маската е зрела за замена доколку е искиата, но и ако е провидна.

Слични содржини