Друштвените мрежи често може негативно да влијаат на нашето расположение и да направат да се чувствуваме осамени, а ни трошат и време кое би можеле попаметно да го искористиме. Како да се изборите со ова?

Во книгата „Како друштвените мрежи го упропастуваат животот” aвторката Кетрин Ормерод нуди неколку совети како да се изборите со тагата и осаменоста, предизвикани од друштвените мрежи.
Сфатете дека не е реалност
Сами по себе знаете дека сакате да размислите добро пред да објавите нешто и да се претставите во најдобро светло пред останатите. Истото го прават сите.
Доколку нешто изгледа како предобро за да биде вистинито, тогаш најверојатно не е вистинито.
Сетете се само на Instagram мајките – колку жени ширум светот се чувствуваат лошо поради тоа што ги гледаат младите мајки кои изгледаат како од модна писта, поради тоа што сметаат дека некои други мајки се подобри, затоа што немаат доволно пари?
Имајте во предвид дека сите деца плачат, сите мајки имаат лоши денови, само што никој нема да го прикаже тоа на друштвените мрежи. Тоа што го гледате онлајн не е реалноста и не дозволувајте да се чувствувате лошо или помалку вредно.
Не споредувајте се со другите
Доколку се чувствувате лошо кога луѓето објавуваат некои важни животни достигнувања на друштвените мрежи, прашајте се зошто е така.
Срежата и успехот не се една права линија, туку се искривен пат со подеми и падови, ситуации кои не оделе според планот… Ослободете се од мисли како „До сега требаше да се оженам/омажам,да имам дете/да станам богат” и не се изложувајте себе на таков притисок.
Хранете ја вашата самодоверба
Секој од нас има денови кога се чувствува добро во сопствената кожа и денови кога сакаме да излеземе од неа. Размислете поради што се гордеете на вашиот изглед, што сакате на своето тело и концентрирајте се на добрите страни на вашиот изглед, пред повторно да останете без самодоверба.
Научете да прифаќате критики
Не може на сите да им удоволите и не можат сите да имаат позитивно мислење за вас, а некои може да стекнат и погрешно мислење за вас.
Не е лесно да се поднесат критиките, но направете разлика помеѓу конструктивни критики и злобни коментари.
Не дозволувајте да преовлада вашата дигитална личност
Дали дигиталната верзија од вашата личност е чиста фикција? Доколку имате проблем да се поврзете со вашиот реален живот откако ќе го погледнете вашиот кориснички профил на друштвените мрежи, ќе бидете несреќни. Обидете се да бидете што пореални на друштвените мрежи.