Како Елцин го избра Путин и се му кажа на Клинтон

од desk2
194 прегледи

На сајтот на библиотеката „Бил Клинтон“ објавени се транскрипти од телефонските разговори меѓу Борис Елцин и неговиот американски колега Бил Клинтон од 1999 година.

Во нив се гледа како првиот претседател на Русија лично го информира Клинтон дека за негов наследник го избрал Владимир Путин, пренесе Спутник.

Елцин во разговорот од 8 септември изразува уверување дека новиот лидер на земјата ќе ја добие поддршката од граѓаните. Првиот руски претседател вели дека м требало многу време да размисли кој би може л во 2000 година да застане на чело на земјата, и додава дека долго не можел да најде вистински кандидат.

„На крајот наидов на него, тоа е Путин“, му соопштува Елцин на Клинтон.

Потоа објаснува како ја проучил биографијата на Путин, неговите врски и интереси, по што сфатил дека тој е доверлив човек и дека добро се разбира во својата област на одговорности. Како позитивни квалитети на Путин, Елцин наведува и дека тој е „солиден и јак“, но и „многу друштвен“.

Елцин истакнува дека е уверен оти неговиот американски колега ќе се увери дека новиот лидер на земјата ќе биде „високо квалификуван партнер“.

По два месеца, на 19 ноември, Елцин изразува уверување дека токму Путин че биде претседател на Русија. На прашање на Клинтон кој ќе победи на претседателските избори , ЕЛцин одговара: „Секако Путин. Тој ќе биде наследник на Елцин. Тој е демократ и го познава Западот“.

Клинтон уште тогаш успева да разговара со Путин на самитот на APEK во Окланд, а според неговите зборови му оставил впечаток на паметен човек. Елцин одговара дека Путин им „внатрешна сила“ и дека ќе направи се во рамки на законот, за да победи.

„И тој ќе победи. Вие ќе соработувате“, вели Елцин, ветувајќи дека тој ќе ја продолжи политиката на претходникот за развој на демократијата и економијата и ќе ги прошири контактите на Русија. „Тој има енергија и ум да успее“, вели Елцин.

Елцин го именуваше Путин за в.д. премиер на 9 август 1999 година, нарекувајќи го истиот ден свој наследник. Државната дума на 16 август го потврди Путин за шеф на владата.

Елцин на 31 декември објави дека поднесува оставка, по што Путин стана в.д претседател. на 26 март Путин победи на изборите во прв круг.