Како функционира домашниот тест за коронавирус што пристигна во Србија?

од Nikola Popovski
321 прегледи

Првиот домашен тест за коронавирус од попладнево, односно од утре, ќе биде во аптеките во Белград. Јасминка Бјелетиќ од оваа институција за српските медиуми раскажува како функционира домашниот тест за коронавирус и колку е точен.

„Од попладнево наваму, во установите на Аптека Белград ќе има таканаречени домашни тестови за да се утврди присуството на коронавирусот. Нивната цена е 1.296 динари (10 евра)“, вели Јасминка за порталот Нова.рс.

Таа посочила дека овој тест, професионално наречен SGTi-flex COVID-19 Ag, е 98% точен, а производител е Јужна Кореја.

Јасминка Бјелетиќ зборува и за тоа како функционира овој домашен тест.

„Тоа е придружено со едноставна инструкција – од носот се зема брис со стапче, сликата покажува колку длабоко треба да се стави стапчето во носот, колку долго треба да се задржи, а потоа стапчето да се стави на плочка. Ако се појават две ленти, тоа значи дека тестот е позитивен и не може да биде лажно позитивен – ако е позитивен, вие сте заразени. И, ако е негативен, не мора да значи дека не сте заразени, тоа е она што го кажува предупредувањето за тестот. Можно е во тој случај да сте навистина негативни, но и дека не е собран доволно материјал за тестот“, вели Јасминка Бјелетиќ и посочува дека тестот најдобро се прави на вториот, третиот ден по појавата на симптомите.

Јасминка Бјелетиќ зборува и за тоа дали, врз основа на сето ова, домашниот тест можеме да го сфатиме како замена за ПЦР тестот.

„Апсолутно. И цената е многу поевтина. Овој тест, секако, ќе им олесни на пациентите на време да откријат дали имаат Ковид-19, особено кога започнуваат други вообичаени вирусни инфекции. Ќе можат лесно и брзо да знаат дали станува збор за коронавирус или обичен вирус, т.е. настинка“, заклучила таа.

Слични содржини