Апсењето на шефот на сицилијанската Коза Ностра, Сетимо Минео, нанесе тежок удар на таа мафијашка организација, вели Џузепе Говернале, генерал на карабинерите.

Според него, таа мафијашка група сега се обидува да се реорганизира по бруталното владеење на Корлене.
Како што појаснува, сицилијанската мафија „не ја контролира потполно трговијата сод рога на островот туку мора да соработува со калабриска Ндрангета заради набавка“.
Затоа Коза Ностра се обидува да се реорганизира и затоа во мај го избра Минео (80), „чичко Сетимо“, за наследник на Салваторе Рино кој минатата година умре во затвор. Изборот е направен на таен состанок во Купола, комитетот на мафијачките шефови задолжен за следење на почитувањето на правилата и решавање на спорови меѓу семејствата.
Истражителите наведуваат дека тоа било прво собирање од тој тип од апсењето на Рино во 1993 година, организирано за да се изберат нови лдери и да се реорганизираат активностите за трговија со дрога и онлајн коцкањето.
„Сетимо Минео е е шеф на еден од 15 мафијачки кланови во Палермо, а секој од калновите има меѓу две и четири семејства. СО нис се уапсени уште четири шефа на кланови и бројни шефови на семејства, што е важно“, вели Говернале.
Како што анведува државниот обвинител за борба против мафијата Федерико Кафеиро де Рао, Минео е избран затоша што бил најстар, што е важен критериум за да се избегне конкуренцијата меѓу мафијашките шефови. Исто така, опишуван е како харизматичен човек со дарба за посредување.
Сепак, вели обивнителот, изборот на Минео значеше и дека мафијата во Палермо ја враќа контролата над Коза Ностра по владеењето на Рино, родум од Корлеоне, мал град на 60 километри јужно од Палермо.
„Шефот на коза Ностра декогаш бил од Палермо и кога Корлеонците ја презедоа власта настапи период на големи судири. Некои мафијаши побегнаа, но сега почнаа да се враќаат затоа што Корлеонците не се повеќе на чело на Коза Ностра“, вели тој.
Искачувањето на Корлеонците почна кон крајот на шеесеттите со Лучано Лиџо, а продолжи со неговите следбеници Салваторе Рино и Бернердо Провенцано.
„Корлеонците, гладни за моќ и користејќи ги сите расположливи средства, ја фатија мафијата од Палермо неподготвена и ја нокаутираа со неверојатна смелаот и насилство. Тоа предизвика краток спој во логиката на Коза Ностра. Не се работи за тоа дека во палермо беа против насилства. Мафијата го користеше насилството со мерка и прецизност, како што хигург користи скалпел иако понекогаш со претерување, но она што Корлеонците го правеа беше незамисливо за другите шефови“, вели Говернале.
Италија затоа беше изненадена од откривањето на „чичко Сетимо“, бидејќи медиумите и понатаму фо претставуваа 56-годишниот Матео Месина Денеро, кој е веќе 25 години во бегство, за налседник на Тото Рино.
Како што вели Говернале, неуморната потера за Денаро и неговото окружување му ја ослабнале поддршката.
„Тој беше важен линител во мафијата во осумдесеттите и деведесеттите години. Сега мора да го покаже својот капацитет за да биде важен од оперативна страна. Кза Ностра со светлосни години е далеку од тоа Денаро да го постави за свој шеф“, вели тој.