Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој овозможува означување на медиумите како „странски агенти“.

Тоа е реакција на обврската за телевизиската куќа Russia Today така да се регистрира во САД.
Законот, кој долниот дом го усвои кон средината на месецот, а горниот оваа недела, објавен е на официјалниот сајт со правни документи и стапува на сила веднаш.
Според законот, сите странски медиуми кои работат во Русија ќе може да бидат означени како „странски агенти“ врз основа на одлука на министерството за правда.
Се предвидува дека обврска не ентитетот е да им даваат информации за својата финансиска ситуација на властите и на своите документи да назначат дека се „странски агенти“.
Формално, новиот текст само го проширува законот од 2012 година, кој до сега се однесуваше само на невладини организации.
Како први потенцијални мети на новиот закон се спомнуваат радио станиците Глас на Америка и Радио Слободна Европа, кои се финансираат од американскиот Конгрес.
Законот го критикуваа организациите Хјуман рајтс воч и Амнести интернешнал.