Како големите сили ќе се постават кон Кина во периодот по вирусот

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Кинеската економија не може да започне да се опоравува се додека нејзините главни трговски партнери, САД и ЕУ, се борат со пандемијата. Во меѓувреме, Германците ѝ издадоа детална фактура на Кина од 149 милијарди долари за штетата од коронавирус, додека сигурни извори во американскиот Конгрес може да се чуе дека постојар мислења за поништување на околу три милијарди долари од американски долг во обврзниците што ги чува Пекинг во својот трезор, пренесува „Јутарњи лист“.

Различен однос на големите и малите држави кон Кина

Најчесто во размислувањата и анализите на идните економски односи меѓу Кина и светот основно се користат агендите што Кина ги проектираше пред избивањето на пандемијата во Вухан (новиот Пат на свилата, инвестиции во технолошки компании и стратегиска инфраструктура на ЕУ и САД). Овие активности не само што ќе се рестартираат – за да се продолжи по старо после пандемијата – туку работите ќе изгледаат фундаментално поинаку. Според тоа, клучно прашање е како големите сили ќе бидат поставени кон Кина во периодот по коронавирусот.

САД, ЕУ и земјите во „кредитно ропство“ по пандемијата

Очигледно е дека некои земји ќе се постават поинаку кон Кина со оглед на економските последици од пандемијата кои допрва следат. Камен за сопнување е и фактот дека Пекинг се спротивставува на секоја меѓународно независна истрага за причината за пандемијата. Покрај тоа, Кина им забранува на своите научници да објавуваат истражувања за потеклото на коронавирусот, што дополнително ги продлабочува сомнежите кај меѓународната заедница.

Затоа некои држави ќе покренат меѓународни тужби против Кина за надомест на штетата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Досега тоа го најавија Австралија и САД.

Втората група се состои од држави кои се во еден вид „кредитно ропство“ од страна на Кина. Тоа се претежно африкански и азиски земји, плус Венецуела и Еквадор на американскиот континент. Тие досега не беа во можност да го сервисираат својот долг кон Кина, а ќе бидат парализирани економски по кризата со коронавирусот. Оваа група ќе се приклучи до САД со цел да се извлече од стегите на Кина со помош на ММФ или ќе побара од Кина да им се отпише долгот. Од европските земји, во оваа ризична група спаѓа Србија со висина на долг од скоро две милијарди долари.

Третата група на држави е составена од земји членки на ЕУ – воедно и најголемиот кинески трговски партнер. Во најмала рака, Европската комисија ќе побара од Кина да направи конкретен чекор кон либерализација на својот пазар, нешто што Кина избегнува да го направи со години. Но, пакетот на вистински потези допрва следи по ротацијата во врвот на почетокот на јуни. Некои земји веќе преземаат чекори за да го подготват теренот, како што е Шведска, која ги затвори сите институти на Конфучие низ целата земја за да го сопре ширењето на пропагандата на Комунистичката партија на Кина.

Русија и Иран

Кина во текот на пандемијата доби тежок удар од страна на нејзините сојузници Русија и Иран. Иранското Министерство за здравство остро го обвини Пекинг за „фалсификување статистика за бројот на пациенти со Ковид-19, со што Кина ги доведе во опасност сите земји погодени од оваа болест“.

Русија, клучен сојузник на Кина, презеде строги мерки кон Кина. Меѓу првите што воведоа тотална забрана за влез на Кинезите, дури и кинескиот конзул веднаш штом слета од Пекинг во Москва веднаш беше ставен во карантин, и покрај силното противење од официјален Пекинг. Веројатно е дека во периодот по вирусот, Русија ќе настојува повторно да ја врати својата водечка улога во општеството на „незападните“ земји, што Москва отворено го најавува.

Слични содржини