Не е секогаш лесно да се прости, а астролозите велат дека секој знак во зодијакот има различно гледиште за навредите.
Ако се обидете да ги понижите или изневерите, еве како ќе реагира секој хороскопски знак во таа ситуација:
Овен
Овните реагираат импулсивно, грубо и сурово. Претставниците на овој знак не попуштаат и нема да се двоумат да возвратат. Понекогаш ќе се покајат откако ќе бидат изговорени зборовите, затоа што не размислуваат добро пред да оворат уста. Сепак, нивниот гнев не трае долго, а самиот Овен брзо се согласува на примирје.
Бик
Да се добие прошка од Бик не е лесно. Тие се тврдоглави и ретко попуштаат. Претставниците на овој знак тешко се простуваат себе си, а уште помалку на другите. Ако го навредивте Бикот, тој во еден момент ќе ви се одмазди.
Близнаци
Близнаците се луѓе со одлични комуникациски вештини кои ги користат во случај некој да ги навреди или понижи. Тие прво ќе се стават на местото на таа личност и ќе се обидат да ја разберат причината за неговиот гнев. Близнаците се мирни, и ако ги навредите, тие веројатно само ќе се насмевнат во вашето лице и ќе продолжат понатаму.
Рак
Раковите се пречувствителни и реагираат емотивно на секој збор што е упатен кон нив. Кога некој ќе ги навреди, понижи или предаде, тие долго време се повлекуваат и ги анализираат зборовите упатени кон нив. Но, Раковите имаат и добра одлика – сочувство. Ако се стават на туѓо место, брзо ќе простат.
Лав
Лавот е секогаш подготвен да возврати и да „расчисти сметки“ со зборови. Исто како и Овенот, претставниците на овој хороскопски знак знаат да претераат во дискусијата. Размислете добро пред да му се спротивставите на Лавот, бидејќи постојат големи шанси тој да ве надмудри.
Девица
Девицата простува многу полесно од сите други, тоа е во нејзината крв. Таа сака брзо да ги реши сите проблеми и да ги подобри односите. Тие не ги сфаќаат навредите премногу лично, тие се потполно мирни, што понекогаш може да ја збуни другата страна. Речиси е невозможно да се навреди девица. Тие ќе продолжат понатаму, со смирена душа како ништо да не се случило.
Вага
Постојат големи шанси Вагите да побараат прошка откако ќе ја изневерите. Вагите сакаат да имаат хармоничен однос со сите, секогаш им даваат втора шанса на луѓето. Тие остануваат смирени, без оглед што ќе им кажете.
Шкорпија
Скорпиите се секогаш на штрек, овој хороскопски знак едноставно не знае да прости. Тие нема да реагираат бурно на навреди, но бидете сигурни дека ќе возвратат со иста мерка кога најмалку очекувате. Откако ќе ја повредите Шкорпијата, ќе завршите со неа за сите времиња.
Стрелец
Под маската на благородни и дарежливи гестови се крие огнен темперамент чија моќ лесно може да биде насочена против вас. Советот на астролозите е никогаш да не го обвинувате Стрелецот, бидејќи тие се непредвидливи.
Јарец
Личностите родени во овој знак не реагираат бурно, но ако ги повредите, ќе ве прецртаат без проблеми еднаш засекогаш. Јарецот по природа е многу внимателен, затоа ретко им се отвора на оние што го навредиле.
Водолија
Со Водолијата никогаш не знаете на што сте. Понекогаш тие можат да простат преку ноќ и да продолжат како ништо да не се случило, а понекогаш им требаат месеци да ги надминат навредите, сето тоа зависи од нивното моментално расположение.
Риби
Рибите се најмирни од сите знаци на Зодијакот, со можност да простат сè, што често им се „удира“ од глава.