Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Како изгледа најскапата хотелска соба? (ВИДЕО)

Како изгледа најскапата хотелска соба? (ВИДЕО)

Palm Casino Resort е хотел со 10 ресторани, но и најскапа соба во светот, каде едно ноќевање по човек чини дури 100.000 долари. Оваа соба е круната на овој луксузен комплекс.

Наречена е Empathy Suite, дизајнирана од уметникот Дамијен Хирст. Инаку, оваа луксузна просторија ја надмина Royal Penthouse Suite, која се наоѓа во Женевскиот хотел President Wilson Hotel, а цената за ноќевање е 80.000 долари.

Resort Palm Casino Resort се наоѓа во Лас Вегас, и има уште 1.200 соби во три кули, а покрај бројните ресторани, има и концертна сала и секако казино.

Преуредувањето на хотелот чинеше околу 690 милиони евра.

Цените на другите простории, се движат од 25.000 до 50.000 долари за ноќ. По најавување на рецепцијата, гостите добиваат 24-часовна услуга од батлер.

Секој агол е дизајниран детално, а бањите се издвојуваат со посебен луксуз.

Пред најновото реновирање, просторијата се викаше Hugh Hefner Suite и беше на 5-то место на најскапите соби во светот. Тогаш, една ноќ во овој луксуз чинеше 40.000 долари. Можат да се сместат најмногу 52 лица и опфаќа околу 800 м2.

Една од главните атракции е барот со 13 бар-столици, што ве тера да се чувствувате како да сте во приватен клуб, а погледот на градот е магичен, особено во текот на ноќта. На терасата, се разбира, има ниски маси со фотелји, како и базен, а додека пливате во него – гледате директно на булеварот Лас Вегас.

loading...