Како ќе се промени напаѓачката моќ на Реал и Барселона во новата сезона?

од Vlatko K
131 прегледи

Шпанските колоси Реал Мадрид и Барселона дури и не ги започнале подготовките за новата
сезона, но шпанските медиуми веќе почнаа да се спротиставуваат двата клуба. Иако ниту еден од
двата тима целосно не ја завршил селекцијата.


Фокусот на мадридски „АС“ паѓа врз офанзивната моќ што ќе ја имаат, ако сè оди по планот. Без
оглед на тоа како Ернесто Валверде ќе го организира составот, квартетот Меси-Суарез-ГризманНејмар ќе претставува огромна закана за најдобрата одбрана на светот. Минатата сезона, четворицата имаа вкупно 120 голови – Меси 51, Суарез 25, Нејмар 23 и Гризман 21. Тоа се 38 голови повеќе од новиот квартет на Реал Мадрид, кој ги вклучува Бензема-Јовиќ-АзарВиничиус.

Се разбира, не е јасно кој ќе биде бројот на голови откако играчите ќе почнат да играат во ист тим

Но, во овој момент, разликата е импресивна. Дури и ако го отстраниме Гризман од каталонскиот напад, може да направиме споредба со сезоните кога Нејмар сѐ уште беше во Барселона.

Во нивните три сезони заедно, Меси, Нејмар и Суарез постигнаа 364 гола и имаа вкупно
211 асистенции. Тројцата успеаја да надминат 100 гола во секоја од годините. Во сезоната 2015/16
тие имаат 131 гол, што е рекордно постигнување за нив.

Во следната сезона, сепак, Реал се очекува сериозно да одговори на таквиот предизвик, бидејќи
претходната стана вистинска катастрофа за нив. По заминувањето на Кристијано Роналдо
минатото лето, Реал изгуби 50 гола по сезона, што сега треба да се обезбеди со новите засилувања.


Минатата сезона, Лука Јовиќ имаше 27 за Ајнтрахт Франкфурт, додека Еден Азар постигна 21 за
Челзи. На нив им се придружи и Бензема, за кого минатата сезона беше втора најуспешна со 30
голови. Виничиус има само четири, но има големи надежи за иднината.