Како ќе се патува во ЕУ од 10 ноември: Дали ќе важат новите гранични правила за Македонија?

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Новиот систем за влез и излез од ЕУ, таканаречен EES, беше најавен за 10 ноември, па многумина беа загрижени дали да тргнат на патување, но овој систем се уште не функционира.

Од повеќе причини, EES беше одложен, а Европската комисија во октомври објави дека не сите земји членки на ЕУ се подготвени да го имплементираат новиот систем, како и дека постојат сомнежи кога станува збор за функционирањето на системот.

Беше најавено дека системот EES најверојатно ќе се применува постепено, на одредени гранични премини, а не наеднаш, како што беше првично кажано, а новиот датум за имплементација се уште не е прецизиран.

Што е EES систем?

Системот за влез/излез (EES) е автоматизиран ИТ систем за регистрација на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ кои патуваат на краток престој.

Најавено е дека EES системот ќе подразбира обезбедување биометриски и лични податоци на граничните премини, односно отпечатоци од прсти и фотографија од лицето, а овие информации ќе се евидентираат во дигитална датотека.

Вашиот пасош (биометриски или небиометриски) нема да има печат.

Најавено е дека патниците ќе можат однапред да се пријават со мобилната апликација.

ETIAS не чека во мај

Системот ETIAS е најавен за мај 2025 година, а ќе подразбира и издавање дозвола за влез во ЕУ, која ќе чини 7 евра.

Дозволата за патување ETIAS е услов за влез за државјани без визи и е поврзана со патен пасош и важи до три години или додека не истече важноста на пасошот, што и да настапи прво.

Слични содржини