Како кожата знае дека е ноќ? – поради овие причини не смее да користите дневна наместо ноќна крема

од desk4
326 прегледи

Секоја жена има свои ритуали за убавина, но колку и да се различни, едно мора да го запомни секоја од нив – дневната крема никогаш не се користи ноќе и обратно. Без разлика дали е сончево, облачно или врнежливо време, тешко дека ќе ги избегнете сонцето и другите штетни влијанија, дури и ако користите крема за сонце.

Проблемите со пигментција, дехидратација и исцрпеност на кожата се неизбежни и сето тоа благодарение на временските услови. Затоа во тек на денот кожата се штити од тие влијание, а со користењето дневна крема вие ѝ помагате.
Ако до сега не сте имале, задолжително набавете дневна крема со заштитен фактор. УВА зраците влијаат на предвременото стареење на кожата, додека УВБ го зголемуваат ризикот од појава на рак на кожата.
Дневните креми се обично полесни, брзо се впиваат и влијаат како подлога за шминката. Изберете квалитетна крема која содржи витамини и делува како антиоксиданс на кожата, а содржи и заштитен фактор и пробиотици кои ќе ја заштитат од сите штетни влијаниа на кои е изложена во тек на денот.
Ноќта е перидот од денот кога кожата оди во фаза на одмор и се регенерира. Тогаш не се штити од надворешни влијанија и влегува во “обновувачки“ начин на работа. Затоа ако решите да ја користите дневната како ноќна крема, кожата нема да го искористи потенцијалот кој го имаат ноќните креми – ресвератрол кој се покажал како клучен во реоксигенерација и кожата нема да помине низ ноќниот регенеративен процес и да се рехидрира, со што се подготвува за следниот ден. Ноќните креми поради тоа се погусти и побогати во својот состав, па не смеат да се користат како дневни.

Слични содржини