Овие намирници ѝ помагаат на кожата во ладните месеци


Ладното време не влијае добро врз кожата и затоа во зимските месеци се препорачува дополнителна нега и хидратација.

Но, за беспрекорниот здрав изглед на кожата, еднакво е важно и што јадете, односно што не јадете.

Овие седум намирници треба да ги воведете во вашата исхрана доколку сакате кожата да ви заблеска.

Лимон

Се препорачува секој ден да го започнувате со чаша топла вода со исцеден лимон. Тоа ќе го детоксиира телото и ќе го поттикне работењето на метаболизмот. Со лимон можете да го замените и оцетот во салатите.

Батат

Таканаречениот сладок компир содржи бетакаротен и витамини А и C, комбинација која има вошебно влијание и ја прави кожата сјсјна и здрава без траги на умор.

Бадеми

Веројатно веќе сте слушнале дека бадемите се многу здрави, но дали знаевте дека тие се храна за убавина? Богати се со витаминот Е и ја штитат кожата од лошото влијание на УВ зрачењата, ја хидратизираа и измазнуваат кожата.

Чиа семе

Оваа супернамирница е богата со минерали, влакна и есенцијална киселина, а тоа на кожаа и дава здрав изглед. Нутриционистите советуваат да ги додадете во смути, овошни и зеленчукови салати, јогурт, а можете и да ги оставите потопени во бадемово млеко и наутро да уживате во здрав пудинг.

Ананас

Кога сакате кожата да ви изгледа добро, посегнете по ова овошје. Ананасот го убрзува метаболизмот, ги ублажува воспаленијата и прави детокс, а тоа овозможува блескав и здрав тен и тоа во краток рок.

Репка

Моќниот антиоксиданс во репката помага при успорување на стареењето и одржување на елсатичност и младоликоста на кожата. Направете здраво смути од репка, јаболко и малку ѓумбир.

Спанаќ

Зеленото лисје е богато со витаминот А неопходен за здрав раст на госата и обновување на кожата. Тој е богат и со витамин С кој го потикнува произведувањето на колагенот и тага ги успорува знаците на стареење.

Слични содржини