Првите тестови во Финска ги изненадија научниците – кучињата брзо научија да ја намирисаат заразата со коронавирус. Како можат нашите најдобри пријатели да помогнат во борбата против пандемијата?
Успехот беше зачудувачки – по неколкунеделна обука, кучињата беа во можност да го разликуваат мирисот на урината на луѓето кои се позитивни за вирусот скоро без грешка, пишува ДВ.
„Неверојатно беше да се види колку брзо научија да го препознаат новиот мирис“, рече Ана Хилм-Бјеркман од Универзитетот во Хелсинки, каде беше спроведена пилот-студијата.
Финските експерти објавија дека кучињата ја идентификуваат „миризбата на короната“ исто толку сигурно како и стандардните PCR тестови кои се користат насекаде во светот. Следат дополнителни студии и, ако се оди добро, практичната примена. Слични обуки за кучиња се спроведуваат во Велика Британија и Франција.
Сè уште не е јасно која супстанција и дава на урината карактеристичен мирис. Коронавирусот не само што предизвикува проблеми со белите дробови, но, исто така, предизвикува оштетување на бубрезите и другите органи, што, како се претпоставув, го менува мирисот на урината.
Бараат само еден мирис
Кучиња како детектори на болести – ова не е ништо ново. Одамна е познато дека тие можат да помогнат при рано откривање на разни видови тумори или Паркинсонова болест – пред кој било лекар да може да ги открие.
„Според една студија, кучињата можат да препознаат карцином на дојка со веројатност од 93 проценти, а карцином на белите дробови со 97 процентна веројатност“, вели Лука Барет, која го води германскиот центар за обука на кучиња како асистент.
Кучињата имаат околу милион пати подобро чувство за мирис од луѓето. Додека човекот има околу пет милиони клетки за мирис, јазовичарот има 125 милиони, а германскиот овчар дури 220 милиони. Кучињата дишат брзо низ носот – околу триста дишења во минута – и, исто така, просторно разликуваат мириси.
Најпогодни раси за овој вид обука се лабрадори и останатите ретривери, кокер-шпаниел и разни видови овчари. На тренингот, едно куче се обучува само за еден специфичен мирис – дрога, експлозиви, пари, огнено оружје или некоја болест.
Обуката се одвива според класичниот принцип на наградување. Кога кучето се приближува кон контејнер што содржи, да речеме, пот на лице со одредена болест, тој се наградува со храна. Така учи тој секогаш да го бара тој мирис.
Помош на аеродромите?
Иако кучињата се докажани помагачи, како професионалци тие почесто работат за армијата и полицијата, но ретко во медицинските установи. За поборниците на класичната медицина и особено за луѓето во индустријата за здравствено осигурување, кучињата не се омилено „средство“.
Лука Барет се надева дека доколку бидат потврдени информациите од Финска, кучињата ќе можат да помогнат барем на места каде има многу сообраќај, како што се пред фудбалските стадиони или на аеродромите.
„Ако земете кучиња покрај линијата на патнци кои чекаат, тие можат да ја кажат разликата помеѓу здравите и заразените кучиња“, вели таа.
Потенцијално заразените луѓе, на пример, би можеле да бидат испратени на класичен тест.
Исто така, кучињата би можеле да ги мирисаат зградите што се испразнети поради короната, а потоа да се дезинфицираат, како што се старечки домови или болници. Тогаш животот таму може да се врати само кога кучињата ќе дадат „зелено светло“.