Во последните денови Меган Маркeл повторно е изложена на вкрстен оган.

Анонимни пријатели застанаа на нејзина страна во тивката војна со нејзиниот татко, објавија писмо на војвотката до Томас Маркeл, обвинувањата од нејзината сестра Саманта повторно не задоцнија, а Џорџ Клуни навести дека целата оваа приказна може да заврши така како со принцезата Дијана.
По сето ова, Меган Маркeл се појави во целиот нејзин гламур и во светла облека на Келвин Клајн, кој со часови го нагласуваше совршено заоблениот стомак. Таа се приклучи на принцот Хари на свечениот прием во Националниот музеј за историја во Лондон.

Но, во овој случај, акцентот не е во тоалетата, туку на однесувањето на војвотката, бидејќи таму забележавме голема промена. И нејзиното објаснување го дава експертот за јазикот на телото Џуди Џејмс. Според неа, војвотката имала одбранбен став и не сакала да покажува слабост и ранливост, туку да се појави визуелно цврста.

Меган излезе од автомобилот со многу уверено темпо и одеше со марширачко одење. Одеше без никаква непотребна нежност и вообичаено ја држеше раката со нејзиниот сопруг. Таа дури и одеше неколку чекори подалеку од него.
Според Џејмс, на тој начин војвотката сака да покаже дека нејзината увереност како дел од кралското семејство не е засегната од сите критики и таа нема потреба секогаш да се потпира на нејзиниот сопруг, за да оди напред.
Таа, исто така, го допре стомакот само еднаш или двапати , и сега нејзините раце не беа таму. Таа на неколку пати беше откриена инстинктивно да ја става рака на стомакот, но потоа свесно да ја тргаше. Тоа ни навестува и на помислата дека војвотката најверојатно била засегната од сите критики на своја адреса во социјалните мрежи, според кои се фали со бременоста, пишува Daily Mail.
Марсел не престанала да покажува и насмевка поширока од вообичаеното . Тоа веднаш го покренува прашањето за тоа колку е реално и во колкава мера е предизвикана од желбата да се покаже дека сè што е напишано на нејзината адреса нема да ја скрши. Според експертот за јазикот на телото, насмевката на Меган бара извесни напори од нејзина страна, што значи дека не е сосема од срцето.
Во меѓувреме, принцот Хари изгледа понервозно отколку што го гледавме. Очигледно е несигурен дали појавувањето на неговата бремена сопруга ќе помине добро, бидејќи тогаш тој ќе биде оној кој ќе треба да ја смирува. И не е важно дека не може да ја заштити од критиките.