Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски граѓани, праша адвокатот на напаѓачот на Пендиков

од Nikola Popovski
177 прегледи

Денеска само што започна, веднаш се одложи судскиот случај против напаѓачот на Христијан Пендиков во Охрид. Рочиштето траело точно половина час.

Причината за одложувањето е што одбраната не располагала со сите собрани докази, по што обвинетиот Илија Спасески ќе се произнесе за обвинението.

-Напад од омраза? Како може да е напад од омраза кога татко му ги спасуваше бугарските граѓани во големата бродска несреќа пред неколку години. Уште од мал бил воспитан во духот да сака секого и најмалку да мрази некого. Сега размислете дали е тоа од омраза или целиот случај се исполитизира до страшни граници, изјавил адвокатот на Спасески, Димитрија Цобоски.

Според него, за одбраната не е неопходно на судењето да присуствува самиот Пендиков, кој по нападот беше евакуиран од страна на официјална Софија.

Стефан Камишевски, адвокатот на Христијан Пендиков, истакна дека неговииот клиент ќе се појави пред Охридскиот суд во мигот кога ќе заврши со лекувањето, а адресата на Пендиков во Бугарија што се уште не е достапна ниту на Судскиот совет што го води предметот, ќе биде соопштена дополнително.

Судскиот процес ќе продолжи на 5 април.

Слични содржини