Го чекаме со нетрпение доаѓањето на прекрасниот викенд. Деновите во кои убаво ќе се наспиеме, ќе се видиме со пријателите, ќе одвоиме време за себе, ќе одиме да ја купиме токму онаа облека за која не ни останува време.
Неочекувано сепак токму откако сме завршиле со работа добиваме повик, придружена со покана за неверојатен нов бар.
Одиме и додека да се освестиме, веќе е утро. Следниот ден сме исклучително изморени и почнуваме да правиме благи промени.
Без разлика дали овој заплет се повторува само во текот на викендот или уште полошо, не успевате да се наспите и во текот на неделата, предлагаме да видите како точно ова влијае на вашата кожа и тело, и какви ќе бидат последиците, ако не го промените режимот веднаш.
1. Ќе качите килограми
Недостатокот на сон или недоволните часови спиење се одразуваат негативно врз вештината на телото да се справи со килограмите. Студиите покажуваат дека ако не се наспивате доволно во текот на ноќта, има 20% веројатност да ги зголемите како големината на својата облека, така и тежината.
2. Сива кожа
Свежината од кремата и магијата на бронзерот одеднаш ќе престанат да дејствуваат.Недостатокот на сон може да доведе до непријатна сивкава нијанса на лицето и кожата, која со текот на времето многу тешко се прикрива дури и со професионална шминка. По подолг период на време, реткото спиење ќе влијае на артериите и нема да стигнува доволно крв до вашата кожа.
3. Стареење
Непријатен ефект од реткиот сон е зајакнување на стареењето на кожата. Предиспонирачки е за појавата на брчки и продлабочувањето на веќе постоечкиот процес кој тешко може да се забави во такви околности. Без разлика колку креми и маски ставате, најважно е да спиете најмалку 8 часа ноќе.
4. Насмевка
Веруваме дека насмевката е најголемото оружје на секој човек, но најмногу на жените. Кога сте уморни, желбата да се смеете се намалува и често се случува да одите намуртени. Вистината е многу едноставна – кој би сакал да се насмевне, ако умира за малку сон?
5. Темни кругови
Еден од најголемите проблеми со ненаспаноста е појавата на темни кругови под очите.Можете да ставите коректор и привремено да ги отстраните со парчиња краставица, но додека не се наспите, тие ќе продолжат да се појавуваат се потемни и потемни.