Како номофобијата може да влијае на здравјето?

од Vladimir Zorba

Додека постојаното проверување на вашиот мобилен телефон може да предизвика вознемиреност, исто така може да се појави страв од губење или заборавање на вашиот телефон. Стравот што го чувствувате при помислата да се одделите од вашиот телефон се нарекува номофобија, и тој, како и секоја друга фобија, може негативно да влијае на квалитетот на животот и здравјето.

Терминот е создаден во 2008 година за да се утврди дали мобилните телефони предизвикуваат вознемиреност, според студијата објавена во 2019 година од „Journal of Family Medicine and Primary Care“. Во тоа време, околу половина од испитаниците изјавиле дека чувствуваат стрес кога не се во близина на нивниот мобилен телефон.

Сепак, номофобијата не се смета за дијагностичка состојба на менталното здравје, бидејќи не е наведена во најновата верзија на Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања (ДСМ), златен стандард за психијатриски состојби, пишува „The Healthy“.

Студија од 2020 година објавена во списанието „Sleep“ открива дека 90 проценти од анкетираните 327 студенти изјавиле дека страдаат од умерено до сериозно од номофобија.

За жал, номофобијата е поврзана со нарушувања на спиењето, дневна поспаност и лоши хигиенски навики за спиење.

Учесниците признаа дека проверувале е-пошта, пораки или социјални мрежи откако ги исклучиле светлата за да си легнат, објаснува д-р Џенифер Песка, коавтор на студијата и вонреден професор по психологија на колеџот Хендрикс во Арканзас.

Дали некогаш сте имале такво непријатно чувство во стомакот во време кога не можете да се сетите каде сте го оставиле вашиот мобилен телефон? Или, можеби сонувате дека вашиот телефон е изгубен или украден.

„Мислам дека навистина може да се гледа на номофобијата како посебна форма на вознемиреност“, вели д-р Песка.

Причините зошто некој има номофобија се различни.

„Различни луѓе се грижат за различни работи. Се чини дека некои луѓе се грижат дека ќе пропуштат нешто или дека нема да можат да побараат помош или да контактираат некого ако им треба“, објаснува таа, додавајќи: „Во секој случај, номофобијата не треба да се игнорира, имајќи предвид дека таа може да има негативно влијание врз здравјето и квалитетот на животот воопшто“.

Слични содржини