265
Ново видео од ЕУРО 2020 доаѓа од таборот на репрезентацијата на Северна Македонија со одлична задача што селекторот Игор Ангеловски ја изведе без грешка.
Селекторот Ангеловски имаше задача да ги погоди своите играчи, но според фотографиите кога беа мали.
Може да се каже дека тој многу добро ги познава, затоа што без грешка ги препозна сите од репрезентацијата.
Меѓу нив беше и Горан Пандев, легендарниот напаѓач кој ќе го одигра последниот натпревар за репрезентацијата против Холандија (18:00).
Дотогаш, погледнете го видеото – како Ангеловски се снајде со фотографиите од младите денови на своите пулени.