Како Путин ги користи теориите на заговор на Трамп за да ја зајакне Русија и да ја ОЦРНИ Америка?

од Stefanija Kuzmanovska
724 прегледи

Откако Доналд Трамп беше поразен на претседателските избори во САД, тој и неговите најверни соработници неосновано тврдеа дека биле извршени изборни измами, дека изборите биле наместени и ширеа теории на заговор дека Демократската партија соработува со „големите технолошки компании“ и „моќни медиуми“ и со тоа му овозможи на Бајден да дојде на власт.

Сепак, рускиот претседател Владимир Путин не чекаше ни час да ги искористи теориите на заговор за изборите во 2020 година за да ги постигне стратешките цели на Русија. Тој во понеделникот рече дека нема да му честита на победата на Џо Бајден, бидејќи изборните резултати не се јасни.

– Тоа е целосно очигледно, јасно е на сите во светот, ми се чини дека на Американците им е јасно дека има проблеми во американскиот изборен систем – рече тој на руската државна телевизија, додавајќи дека овие проблеми им го одземаат правото на Соединетите држави „да укажат на недостатоци во другите политички системи“, објави Волстрит журнал.

Путин, кој е на власт 20 години и кој го подготвуваше теренот во јули за да стане претседател за цел живот, долго време беше мета на критики на САД за антидемократски принципи и агресивно пресметување со ривалските партии, неистомислениците и независните новинари, и сега применува „вотабаутизам“ „(Whataboutism) класичен советски инструмент за пропаганда, познат и како Tu quoqe (и ти исто). „Америка нема право да држи лекции на Русија за демократија кога е толку неуспешна во нејзината примена дома“, изјави аналитичарот и новинар Владимир Никитин за „Инсајдер“ во претходното интервју.

Одбивањето на Трамп да ги прифати изборните резултати и да го претстави американскиот систем како нечесен „доаѓа како кец на десетка на Путин, чија главна цел можеби не е победа на одреден кандидат, туку да сее семе на раздор и да се зајакне верувањето дека американската демократија не функционира правилно“, вели Џон Меклафлин, поранешен директор на ЦИА, за „Инсајдер“.

– Ако докаже дека нашиот систем не функционира, тоа го ослободува од притисокот да воспостави систем што ќе биде вистински демократски, бидејќи тој секогаш може да покаже со прст кон Соединетите држави и да каже: ако тоа не функционира таму, зошто би очекувале такво нешто од мене? – додава тој.

Немирите околу изборите во САД и трнливата преодна фаза „се апсолутно добредојдени за Путин“, проценува Меклахлин. Особено сега кога неговата популарност во Русија постојано опаѓа и во моментов изнесува околу 60 проценти, односно под нивоата пред крајот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век.

Покрај тоа, „Русија долго време се обидуваше да го смени меѓународниот поредок“, предводена од администрацијата на Барак Обама, рече Мајкл Дејвид-Фокс, професор на универзитетот Џорџтаун и експерт за современа Русија и Советскиот сојуз.

– На Путин и рускиот надворешно-политички естаблишмент им е јасно дека администрацијата на Бајден значи враќање кон таквиот пристап.

Администрацијата на Обама се залага за надворешна политика која поддржува меѓународен систем управуван од независни институции и глобални сојузи. Системот, предводен од Соединетите држави од крајот на Студената војна, честопати е во спротивност со интересите на Путин, кои имаат за цел да ги соборат западните сојузи, да го шират комунизмот и да ги вратат суверените држави под влијание на Советскиот Сојуз, како Украина.

„Русија сака да го заштити својот човек во Белата куќа, бидејќи политиката на Трамп од стратешки аспект беше одлична за Русија“, изјави за „Инсајдер“ Глен Карл, поранешен таен агент на ЦИА.

– Тој ги отуѓи САД од НАТО и ги затвори очите пред руската интервенција на Крим. Неговата политика кон Блискиот исток, особено во Сирија и Либија, и помогна на Русија да обезбеди значајно присуство во регионот за прв пат по 48 години.

Трамп често го фалеше Путин, опишувајќи го како „силен“ и „моќен“ лидер, што руските државни медиуми го користеа за да го прикажат како глобален моќник, а Трамп како марионета што игра како што игра неговиот господар.

По изборите во 2020 година, „слабата поделена Америка што не може да воведе ред во својот дом“ ќе ја зајакне Русија со попречување на напорите на тимот на Бајден за „надминување на катастрофалниот пад на позицијата на САД во светот, за што е виновна администрацијата на Трамп“, рече Дејвид Фокс.

Овој пат, сепак, на Русија и помагаат други републикански пратеници со поддршка на напорите на Трамп да го поткопа демократскиот процес. Додека некои републиканци приватно му ја честитаа победата на Бајден и претпазливо го повикаа Трамп да му даде пристап до разузнавачки матријали на наследникот, огромното мнозинство во партијата или молчи или ги поддржува тврдењата на Трамп за изборна манипулација.

Нивните акции „ги поддржуваат приговорите на Русија поради мешање во внатрешните работи“, рече Дејвид Фокс, додавајќи дека единствениот начин на САД „да го надминат нападот на дезинформации и авторитаризам зад кои стојат поразените на претседателските избори, додека дел од Републиканската партија ги поддржува во тишина“, е во тоа да се „почитува волјата на гласачкото тело и да се исклучи сегашната влада како што налага нашиот Устав“.

Слични содржини