Пандемијата од коронавирусот на светската економија ѝ зададе драматичен удар. Според податоците од Светска банка, светот денес се соочува со најтешката рецесија од Втората светска војна.

Порталот Howmuch.net направи детален преглед на тоа кои економии доминирале во изминатите четири децении.

Па така, во 80-тите години доминираа САД, што се случуваше и во 90-тите, но и во на почетокот на новиот милениум и во 2010 година. Ситуацијата се менува оваа година, кога Кина ги симнува САД од пиедесталот и најавува своја доминација во следната година. На второ место пред четири децении беше Јапонија, а на почетокот на 2000-та година, “сребрениот медал“ ѝ до дадоа на Кина, додека оваа и следната година на тоа место ќе застанат САД.

Во 80-тите години од минатиот век, Германија беше трета најсилна економија во светот или прва на Стариот континент. На почетокот на 21-от век Јапонија ја симна Германија од третата позиција, а од пред 10 години и денес тоа место е резервирано за Индија.

Првата петорка во 80-тите години ја заокружија Италија и Бразил, додека денес на тие две места се најдоа Јапонија и Германија.

Во последните неколку декади, многу од азиските земји забележаа голем раст, а тука се вклучуваат: Кина, Индија, Јапонија и Индонезија.

За оваа година, редоследот на најсилни економии е следен: Кина, САД, Индија, Јапонија, Германија, Русија, Индонезија, Бразил, Велика Британија и Франција.

Слични содржини