Додека „Porsche“ полека се подготвува за почетокот на производството на првиот целосно електричен автомобил, компанијата продолжува да ги прави своите конвенционални возила по највисоките стандарди за квалитет во целата мрежа на фабрики.
Една од нив е таа во Лајпциг, каде што моделите „Panamera“ и „Macan“ се составуваат. Таа е одговорна за производство на над 160.000 возила годишно, што е прилично импресивна бројка, со оглед на цената на овие два модели. Колегите од „Business Insider“ ја посетија фабриката и снимија интересно видео од процесот на составување на автомобилите, во кој учествуваат најмногу роботи (се разбира, помогнати во некои активности и од луѓето).
Производството започнува од работилницата во кој роботите ги составуваат рамките на возилата, така што користат прецизна комбинација од дупчење, поврзување, заварување со ласерски зрак и затворање. Потоа каросеријата се упатува кон работилницата за лакирање, каде првиот слој на боја е електрофоретична покриеност и се користи за заштита од корозија. Откако ќе се нанесат сите облоги, каросеријата се остават на 35-минутен процес на сушење на 275 степени според Ференхајт (133 степени Целзиусови).
Како вели видеото во описот, „производната линија е местото каде што свежо обоената каросерија станува луксузен автомобил“. Тука вработените почнуваат да ги инсталираат внатрешните компоненти, кои, во зависност од спецификациите, може да се состојат и до 200 индивидуални делови. Потоа се ставаат компонентите на суспензијата, сопирачките итн.
Откако ќе се инсталираат фарови, задни светла и прозорци, возилата се насочени кон најважниот чекор во процесот на производство – т.н. „брак“ каде што телото на секој автомобил е поврзан со соодветната енергетска единица. Кога возилото е целосно подготвен за работа, тој го добива познатиот амблем на „Porsche“ и оди на темелна инспекција која се врши на тест-патеката на фабриката.