Како СДСМ сме премногу фини и дозволуваме опозицијата да ни ги оспори постигнатите резултати, вели Костовски

од Nikola Popovski

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски смета дека како владеачка партија се премногу фини во делот на вокабуларот, наспроти се што го постигнале.

-Симптоматично е што мислам дека како социјал-демократи сме премногу фини во делот на вокабуларот, спрема се она што сме го направиле. Цело сме скромни и дозволуваме опозицијата со канонадни напади да се врти кон политиката на СДСМ, за сето тоа што сме го постигнале. Наоѓаат начин да го оспорат. Еднаш треба да бидат достоинствени и да кажат дека има работи кои што се квалитетно направени, рече Костовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој уште еднаш го повтори ставот на СДСМ дека Мицкоски треба да си поднесе оставка „затоа што седумпати ја излажал јавноста и треба да се повлече како одговорен политичар“.

Слични содржини