Финансирањето на атентатите во Париз од 13 ноември, во кои загинаа 130 лица не можело да биде откриен од полицијата.
Терористите се користеле претплатени дебитни картички, од кои некои купени во Белгија. Со нив се плаќани сметките за автомобили и станови.
Според податоците на службата за финансиско разузнавање кон француското Министерство за финансии вкупниот износ потрошен од атентаторите во двата дена пред нападите е околу 30 илјади евра.
Терористите го финансирале нападот, со претходно изведени мали суми, кои се тешки за следење, и користеле при-пејд картички, соопшти францускиот министер за финансии Мишел Сапeн.
(ВИДЕО) Од ова нема појасно: 8 500 цистерни на ИД превезуваат дневно 200 000 барели нафта
Тој посочи дека со оглед на откритијата, следењето на дури и мали трансакции може да биде од клучно значење во борбата против тероризмот, ако овој тип на информации се поврзе со други елементи на истрагата.
При издавањето на припејд картички не е потребна банкарска сметка. Операторот ги добива информациите за трошењето од посредници кои практично ја издаваат картичката и земаат припејд сума која имателот на картичката ја троши. За разлика од обичните дебитни картички, при-пејд таксите се доста повисоки, но тоа е едвај ги интересирало терористите
