Денеска во Скопје се одржал состанок на експертските работни групи на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија
-За време на средбата, двете страни размениле информации за напредокот во спроведувањето на обврските, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Протоколите од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија, согласно членот 12 од Договорот, информираат од бугарското МНР.
За време на разговорите, особено внимание било посветено на водечките теми од билатералниот политички дијалог, активностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел зајакнување на меѓусебната доверба.