Дека Адел плива во пари како нејзините многубројни колеги веќе е одамна познато, но ретко кој би помислил дека пејачката може да заработи толкава квота на пари во година во која воопшто не работеше.

Адел нема објавено албум веќе три години, но и понатаму заработува милиони долари, бидејќи нејзините песни ја одработуваат целата таа работа, пренесува E-news. Минатата година оваа 30 годишна музичарка на тој начин заработи 11 милиони долари, стои во извештаите на нејзините две компании Melted Stone Publishing и Melted Stone Ltd кои се грижат за продажбата на нејзините албуми и авторски права.
https://www.instagram.com/p/BR166pLlK0K/?utm_source=ig_embed
Па доколку знаете колку тоа би изнесувало дневно, би можело да биде уште повеќе болно.
https://www.instagram.com/p/BhHMofkhTjo/?utm_source=ig_embed
Адел заработувала неверојатни 30.684 долари по ден во 2017 година. А најдобро од сè е дека нејзината популарност не се намалува дури и кога таа одмара, сепак бројките на нејзината банкарска смета и понатаму растат.