Како стана позната и зошто се пензионира? Факти за Камерон Дијаз

371 прегледи

„Мислам дека најубавите моменти во животот ми се случија зошто немав деца“, изјавила во една прилика актерката Камерон Дијаз за која во минатите години новинарите често ја прашуваа зошто не станала мајка. Кариерата и била на вистинското место се додека во 2018 година официјално соопшти дека престанува да глуми.

Во 2015 година се омажи за музичарот Бенџи Мејден, а парот на Инстаграм изненади со соопштението дека им се родило првото дете, ќерката Радикс Мејден.

Во продолжение ќе се потсетиме на нејзините почетоци и причините за нејзиното пензионирање.

Како стана позната?
Камерон Дијаз ја започна кариерата како манекенка и не планирала да биде актерка. Во 1990 година се појавила на насловната на магазинот Seventeen, а во интервјуто за изданието изјавила дека планира да се занимава со манекенство се додека не биде „стара и седа“.

Сепак плановите се сменија во 1994 година, кога го сними својот прв филм „Маска“. Една година потоа глумеше во филмот „Последната вечера“, а во 1996 дебитираше и на телевизија во една епизода од серијата „Space Ghost Coast to Coast“.

Следеа улогите во многу култни филмови како, а филмот „Чарлиевите ангели“ ја лансираше меѓу најголемите ѕвезди во Холивуд.

Зошто се пензионираше?
Последниот филм во кој глумеше беше адаптацијата на мјузиклот Annie од година, а истата година сними уште два – Sex Tape и Other Woman. Гласините за нејзиното пензионирање ги поткрена актерката Селма Блер која прва на новинарите им ги одаде плановите на Дијаз, но подоцна рече дека се шегувала. Сепак, гласините биле вистина и во 2018 година Камерон во интервју за InStyle потврди дека престанува да глуми.

Со што се занимава во последниве години?
Камерон во 2016 година ја издаде книгата The Longevity Book: The Science of Aging, The Biology of Strength, and the Privilege of Time. Пред тоа издала уште една книга во 2014 година поп димето The Body Book: The Law of Hunger, The Science of Strength, and Other Ways to Love Your Amazing Body. Според InStyle, Дијаз моментално работи на својот нов проект, но се уште е непознато за што станува збор.

Инаку, иако не глуми скоро шест години, Дијаз е „тешка“ 140 милиони долари, според страната Celebrity Net Worth.

Слични содржини