Како вашето дете веќе да не се плаши од Дедо Мраз?

од Elena Daskalova
354 прегледи

Стравот од Дедо Мраз не е ретка појава, особено кога се работи за деца на возраст меѓу две и седум години. Нормално, тој не се појавува кај сите, но кај оние деца кои се плашат, тоа може да биде навистина трауматично.

Ако вашето дете се плаши од Дедо Мраз, секоја прошетка за време на празничниот период може да биде пекол не само за него, туку и за целото семејство.

Што можете вие да направите?

Разберете го детето

Можеби за вас Дедо Мраз е симбол на радост и празнична магија, но не е кај сите така. Децата може да се плашат од неговата долга брада или од интензивно црвената боја. Исто така, кај поголемите деца страв предизвикува и „сознанието“ дека тој знае кога биле непослушни.

Набљудувајте го оддалеку

На тој начин ќе забележите како вашето дете е расположено околу постоењето на Дедо Мраз. Може да се случи и самото да му пристапи и да побара да се фотографира со него или да му ја каже новогодишната желба.

Разговарајте за него

Раскажувајте му приказни како Дедо Мраз успева да стигне кај сите послушни деца и ги наградува со подароците. Гледајте цртани филмови или помогнете му да напише писмо со новогодишни желби.

Не форсирајте ништо

Најлошо што можете да направите е да го присилувате детето да се приближи на Дедо Мраз или уште полошо, да го принудите да седне во скутот. Со тек на времето ќе го надмине стравот сам од себе. Не го казнувајте, туку напротив, уверете го дека е на безбедно.

Слични содржини