Речиси и да нема некој кој не ужива во топло лиснато пециво од пекара, полнето со некој вкусен фил и со чашка јогурт.
Вистина е дека оваа комбинација е калорична и ви дава енергија за кратко време, но нутриционистите сметаат дека ова е најлошиот можен појадок што можете да го изедете.
Печивата се полни со калории, но немаат никаква друга нутритивна вредност. Со самото тоа, тие не се добри за прв оброк.
Исто така, често се претходно смрзнати, па печени, а се печат во плехови кои претходно се намастени и не се исчистени одамна. Големата количина квасец и адитиви не се добри за вашето тело, а јогуртот, кој инаку е здрава намирница, во овој случај нема никаков бенефит за вас.
Сигурни сме дека тешко можете да се откажете од пекарските производи, прво затоа што се вкусни, а потоа и затоа што се лесно достапни и не се скапи. Но, мислете на своето здравје пред сè и обидете се да јадете појадок кој е богат со здрави масти и белковини, наместо овие калорични бомби.