Каков тип на љубовник сте?

од Vladimir Zorba

Во зависност од тоа како се однесуваат во кревет, љубовниците можат да се поделат во неколку категории. На која припаѓате вие?

– Како што се разликуваат по интелигенција и интереси, луѓето се разликуваат и по сексуалните желби, поради што не може секој да има страстен секс – тврди д-р Перто.

Терапевтката своето 35-годишно искуство го пренела во книгата „Кога твоите сексуални нагони не се поклопуваат“.

Важно е, вели, луѓето да разберат дека се нормални и дека се е во ред со нивните инстинкти и сексуален живот, без разлика на зачестеноста на желбата или самиот секс.

Сè што е потребно е усогласување со партнерот што може да се постигне со откривање на типот на либидото. Меѓу седумте различни видови на либидо, најчести се еротскиот и анксиозниот тип.

Еротски тип

Тој верува дека сексот мора да биде страстен и интензивен. Загрижен, постојано мисли дека не го бива за секс и дека мора да размислува за нови настапи за да ја задоволи партнерката.

Отворениот разговор со неа за зачестеноста на појавувањето на желбата ќе донесе разбирање, но и подобар секс.

Сензуален тип

За него љубовта е поважна од самиот сексуален чин. Поважна му е емоционалната поврзаност и чувството на взаемна љубов од оргазмот.

Зависен тип

Сексот е неговиот двигател, му треба секој ден за да се справи со проблемите во секојдневниот живот.

Реактивен тип

Со овој тип на љубовници се се врти околу партнерот. Задоволен е само ако успеал целосно да ја задоволи. Сексот вреди само ако другата половина е среќна.

Зависен тип

Тој ја бара среќата на сите места. И покрај квалитетната врска или брак, на овој тип на либидо е тешко се одолева и сексот „на страна“. Може да се каже дека навистина ужива во сексот и дека е целосно зависен од него.

Незаинтересиран тип

Овој тип на љубовници ужива во сексот, но ретко кога прв ќе го иницира. Нема или има многу мала желба за секс.

Слични содржини