Каква е финансиската кондиција на дел од фирмите кои се во бизнисот со марихуаната? Од добивки до загуби – 43 активни и 18 правни лица кои се водат како „неактивни“

Фирми од Кавадарци, Велес, Струмица, Куманово, Скопје, Врапчиште, Кочани, Струга имаат лиценци за производство на марихуана за медицински цели. Според потврдени информации на „Локално“ во моментов се регистрирани 43 активни фирми од овој бизнис додека 18 правни лица се водат како „неактивни“.

од Vladimir Zorba
39 прегледи Фото: Global initiative

Фирми од Кавадарци, Велес, Струмица, Куманово, Скопје, Врапчиште, Кочани, Струга имаат лиценци за производство на марихуана за медицински цели. Според потврдени информации на „Локално“ во моментов се регистрирани 43 активни фирми од овој бизнис додека 18 правни лица се водат како „неактивни“.

„Локално“ во две тематски анализи ќе објави податоци за финансиската кондиција на дел од компаниите од овој бизнис.  

Синцеритас Скопје, фирма Акционерско друштво од Скопје. Според податоците од „Бизнис-мрежа“, 2024 та ја завршува со добивка во износ од 323.305 евра додека во 2023 та прикажува загуба од 1.687.000 евра или за една година вкупните приходи се зголемени за 150,1% а расходите за 33,16%. Во средината на 2020-та добива Решение за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, активна фирма која во 2016 та добива дозвола за одгледување на коноп за медицински цели. Во октомври 2020 та добива Решение за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели а во средината на 2021 та Решение за давање на одобрение за производство и промет на активна супстанција во хербална форма-цветни плодни врвови на растението канабис. Според податоците од билансот за работа, во 2024 та прикажува нето добивка од 140.000 евра што е за 546% повеќе во однос на 2023-та . Приходите во 2024-та во однос на 2023-та се зголемиле за скоро 69% а расходите за речиси 68%.  Оваа е е една од фирмите кои прикажале позначајни приходи во 2024-та во висина од близу 11.200.000 евра.

ОАЗА АЛКАЛОИДИ ДОО Карбинци. Според податоците за финансиското работење оваа фирма 2024 та година ја завршува со загуба од 23.761 евра иако во однос на 2023-та остварува пораст на приходите за дури 1.643,7% но и голем годишен раст на расходите за 2.139,7%.  На годишно ниво, во 2024 та во однос на 2023-та фирмата прикажува „минус“ во работењето повисок за  скоро 1.438 %. Според податоците од УЈП дејноста е регистрирана под надзивот „Одгледување на зачински ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата“.

СЕА ОФ ГРЕЕН ДОО експорт-импорт Добри Дол Општина Врапчиштe. Во 2024 прикажува загуба од скоро 582.200 евра и оваа нето загуба е зголемена во однос на 2023 та. Во 2024 во однос на 2023 та приходите се намалени за 95.5% додека расходите се зголемени за повеќе од 56%.

ЛАЈТИНГ ЛУКС ДОО Струмица во УЈП регистрирана со дејност „Одгледување на зачински ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата“. Оваа струмичка фирма во 2024 прикажала загуба од скоро 95 000 евра пришто во однос на 2023-та кога негативниот биланс во работењето изнесувал 335.000 евра, бележи значајно намалување. На годишно ниво приходите се зголемиле за 483,2% а расходите се намалиле 58,36%.

ТЕТРА-ХИП ДООЕЛ Кочани Д.О.О.Е.ЛДруштво со ограничена одговорност со дејност на работа „Одгледување на зачински ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата“.  2024 та година  ја завршува со загуба од 19.400 евра, преполовена во однос на 2023-та иако приходите бележеле раст за 408,4% а расходите се зголемиле за 344,41%.

„Локално“ и во следното тематско продолжение ќе објави финансиски податоци и на други компании од различни градови а кои се со активни лиценци за произвводство на марихуана за медицински цели.

Д.А.

 

Слични содржини