Каква е судбината на обвинението против Милорад Додик: Ова е образложението на Судот на БиХ

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

На 11 август, Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против претседателот на РС Милорад Додик и директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ за непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

Засега не се знае кога ќе биде донесена одлуката за потврдување на обвинението на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое беше покренато против претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Рокот на Судот на Босна и Херцеговина полека истекува, а ќе биде објавен дури по Генералната седница на Судот. На таа седница треба да се донесе одлука по барањето за изземање на судијата согласно одредбите од Законот за кривичната постапка.

На 11 август, Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против претседателот на РС Милорад Додик и директорот на Службен весник на РС Милош Лукиќ за непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина. Обвинението беше вратено на доработка на 18 август, а повторно доставено до судот на 25 август.

Законскиот рок за потврда или одбивање е 8-15 дена. Но, овој рок е под знак прашалник – затоа што во меѓувреме претседателот на РС Милорад Додик побара изземање на судијката Јасмин Ќосиќ-Дедовиќ. Процесот е запрен.

Образложението на Судот на Босна и Херцеговина:

„Одлуката за предметниот обвинителен акт ќе се донесе во законскиот рок, по одржувањето на Општата седница на Судот на која ќе се донесе одлука по барањето за изземање на судијата согласно одредбите од Законот за кривична постапка. Седницата ќе се одржи кога ќе се исполнат формалните услови за одржување“.

Во овој момент одлуката на Судот ја чека и Обвинителството на БиХ. Правниот советник на Милорад Додик, Милан Тегелтија, тврди дека судијата не може да одлучува за ниту еден обвинителен акт доколку е оптоварен со барање за изземање.

Инаку, адвокатскиот тим на Милорад Додик побара изземање на судијката Јасмин Ќосиќ Дедовиќ, која е на овој предмет, бидејќи тврдат дека таа не може да постапува во овој предмет поради околности кои отвораат сомнеж за нејзината непристрасност.

Слични содржини