Каква ковид есен не очекува? Пановски: Нема да е полошо од сега…

од desk4

Предизвикуваат ли македонските граѓани со своето однесување тешки есенски ковид денови. И дали се ќе зависи од вакцинирањето.  На овие прашања одговор побаравме од познатиот епидемолог др. Никола Пановски. Тој за „Локално“ вели дека и понатаму здравствената состојба ќе зависи од вакцинирањето против вирусот Ковид 19. Тој предупредува дека бројот на заболените од Ковид 19 ќе продолжи да расте.

–  Требаше да бидат воведени нови здравствени мерки уште пред месец и половина. Сега е доцна. Бројот на заболени расте и ќе продолжи да расте. Но, нема да биде страшно, бидејќи голем број од населението веќе го прележаа коронавирусот, а дел пак, се вакцинирани. Поради тоа не очекувам многу голем број на граѓани со тешки клинички слики, вели Пановски за „Локално“.

Според епидемилогот, доколу властите навреме преземеа мерки оваа слика што сега ја имаме можеше да се одложи за подоцна.

-Не требаше да биде дозволено организирање на свадби. Ги пуштија луѓето и на одмори во Грција, кога кај нас имаше само 4 болни од короноавирус, а таму 4.000. Грците бараа ковид тест, а нашите не. Со други зборови кај нас се е подготвено вирусот да се шири се повеќе и повеќе. Сега и да се донесат здравствени мерки, веќе е доцна. Сепак нема да биде полошо, отколку што беше, рече Пановски.

Во меѓувреме здравствените лица од тетовската болница информираат дека само за два дена поради компликации има хоспитализирањно двојно повеќе граѓани. Координаторот на ковид центарот во тетовската болница, Гзим Нуредини информираше дека 26 пациенти имаат потреба од болнички третман за разлика од пред два дена кога имаше само 12. Во функција повторно е ставена и модуларната болница.

-Младите шетаат ама на удар се и страдаат хронично болните. Имаме пациенти кои велат цела година не излегле од дома и пак завршиле во болница. Ова што сега го гледаме сега секако дека е алармантно, Нуредини.

Тетово во моментот е најголемото жариште на Ковид во државата со најмногу активни случаи – дури 229. Кластерите дојдоа од прославите а како што велат лекарите се уште има свадбени веселби што дополнително влијае на лошата состојба. Најверојатно ќе има и реорганизација во тетовскта болница поради наплив од пациенти.

Вчера во тетовската болница имало дури 64 амбулантски прегледи што според лекарите е загрижувачки податок бидејќи голем дел од нив поради симптоматологијата најверојатно ќе завршат во болница.

Освен во тетовската, повеќе од 20 хоспитализирани има и на Инфективна клиника, а за ковид пациенти веќе во функција се и болниците во Куманово, Прилеп, Велес и Битола.

Б.Т.

Слични содржини