„Каква злоупотреба!“: Трамп збесна откако Бајден го помилува синот Хантер за даночно затајување

од Nikola Popovski
318 прегледи

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го критикуваше претседателот во заминување Џозеф Бајден откако овој реши да го помилува неговиот син Хантер Бајден.

Трамп ја критикуваше одлуката на Бајден и на неговата платформа „Truth Social“ го спореди потегот со одлуката во која демонстрантите кои учествуваа во немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година беа осудени на неколку години затвор.

„Дали помилувањето на Џо за Хантер ги вклучува и заложниците од (6 јануари 2021 година) кои сега се во затвор со години? Каква злоупотреба и неуспех на правдата“, напиша Трамп.

Слична реакција имаше и неговиот син Доналд Трамп помладиот.

„Сите знаеја дека ќе го направи тоа. Тој само сакаше да ја донесе таа одлука кога веќе не е можна последица за демократите“, навел Трамп Џуниор.

Критики пристигнаа и од портпаролот на Трамп, Стивен Ченг, кој соопшти дека правосудниот систем мора да се поправи, а процесите да станат валидни.

„Токму тоа ќе го направи претседателот Трамп по неговото враќање во Белата куќа, со огромен мандат на американскиот народ“, порачал Ченг.

Слични содржини