Какви ќе бидат последиците за Фејсбук и Твитер после уредбата на Трамп?

од Nikola Popovski

Компанијата „Твитер“ ја нарече политичка одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ограничи заштитата на социјалните мрежи од правна одговорност за објавената содржина. Одлуката беше критикувана и од „Гугл“ и „Фејсбук“.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за ограничување на заштитата на социјалните мрежи од законска одговорност.

Тој изјави дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации да контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

„Твитер“ оцени лдека одлуката на претседателот на САД е „реакциски и политички пристап кон законот“, како и дека се заканува на слободата на говорот.

Портпаролот на „Гугл“ изјавил дека одлуката ќе ѝ наштети на американската економија, додека „Фејсбук“ посочил дека ќе ги охрабри платформите да цензурираат се што може да изгледа дека навредуваат некого.

Трамп ја потпишал извршната уредба два дена откако ја критикувал компанијата „Твитер“ затоа што ги повика корисниците да ги проверат фактите презентирани во два негови твита.

Како Членот 230 ги штити социјалните мрежи

Компаниите како „Твитер“ и „Фејсбук“ имаат заштита од одговорност согласно Член 230 од Законот за комуникации затоа што тие се третираат како „платформи“ наместо „издавачи“ кои можат да се соочат со тужба поради содржината.

Социјалните мрежи според овој Член генерално не се одговорни за содржината објавена од корисниците, но може да ја отстранат содржината доколку е несоодветна, насилна или вознемирувачка.

Според уредбата на Трамп, правото на правен имунитет не би можело да се примени во случаи кога социјалните мрежи прават измени во објавите на нивните корисници.

Исто така, според оваа регулатива, имунитетот не би требало да важи ни за блокирање на објавите, вклучително и нивно бришење од причини што не се наведени во правилата на страницата.

Републиканскиот сенатор Марко Рубио смета дека социјалните мрежи треба да имаат статус на издавачи во ситуации кога ставаат белешки на постови, како што бил случајот со Трамп на „Твитер“.

„Законот сè уште ги штити Фејсбук и Твитер затоа што ги смета за платформи, а не издавачи“, изјави Рубио, додавајќи дека доколку сакаат да дејствуваат како издавачи, тогаш треба да се третираат на тој начин.

Слични содржини