Почетна / Македонија / Калајџиев: Помилуваните имаат џокер во рака за пред Стразбур

Калајџиев: Помилуваните имаат џокер во рака за пред Стразбур

Самото СЈО и власта ги знаеа овие проблеми уште пред неколку години. Кога бев советник во СЈО им предложив неколку прашања кои СЈО требаше стратешки да ги реши, тие уште се живи, проблемот со рокот, проблемот со уставноста. Ние половично ги решаваме проблемите и ги ставаме под тепих. За помилувањата беше јасно дека ќе се јават како проблем, судот пропушти да ги реши, помилувањето какво што беше со политички мотиви, ова ќе дојде и до Стразбур бидејќи таму има установена политика која им одговара на овие кои се помилувани, вели универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев.

-Членот 11 е дополнителен проблем, може да биде еден добар основ доколку при полекувањето на амнестијата се признаело дека не од политички причини туку заради некоја правна грешка,тоа повторно би било проблем.Државата не може да си игра со судбината на граѓаните. Стразбур не гледа дека Иванов доаѓа од истата група за помилување, туку како претседател со граѓани, вели Кајаџиев во однос на 52 помилувани меѓу кои се обвинетите и осомничени поранешни функционери од претходната власт.

Калајџиев додава дека помилувањата не се даваат на некој за да се избегне гонење од криминал или пак на некој доколку му должиш нешто. Тој смета дека требало Иванов да биде натеран да признае дека направил грешка.

-Јасно е дека обвинетите и помилуваните од Иванов, на кои им беше поништено помилувањето, ќе се држат до крај со ова,до Стразбур. Проблемот им одговара на тие што се обвинети, и го искористат Стразбур како џокер. Треба што побрзо да се даде друга аргументација за Стразбур да ја разбере нашата ситуација. Дека нашиот случај не е така едноставен, и дека постои сериозен општествен интерес врзан со тешки повреди на човековите права. Вака во Стразбур веднаш ќе имаат друга призма. Укинувањето не одговара од аспект на природата на повредата. Најдобро е да се оди со посложена аргументација, дека самиот основ бил погрешен, дека дефакто се работело за амнестија, не за помилување, бидејќи и тоа е злоупотреба. Амнестијата е во надлежност на Собранието, вели Калајџиев.

loading...