367
Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада за само една недела покажаа огромно непознавање, нестручно и незаконско работење на штета на граѓните и државата, смета Снежана Калеска – Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.
Според нив, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните.
„Со тоа Чулев создава недостаток на полицајци за обезбедување и директно ја загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има законска обврска да ги обезбедува, како и амбасадите на неколку држави, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ и други. Со таквото неодговорно и незаконско работење, Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата“, се вели во соопштението.
Постапките на Чулев според СДСМ, покажуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште се кадрите под контрола на Груевски кои работат на штета на интересите на граѓаните.
„Наместо да се фокусираат на тоа за што се назначени и да работат на создавање услови за слободни и фер избори, кадрите на Мицкоски во преодната Влада се посветени на партизирање и блокирање на нормаланата работа на институциите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО, но граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат. На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, нормална држава и продолжување по вистинскиот пат, режим никогаш повеќе“, се додава во соопштението.