329
Кога пратеникот Антонио Милошоски од говорница посочи дека некој од пратениците бил осомничен за сексуално злосторство во еден момент додека го слушав како плафонот од стаклената купола да ми се сруши и си реков што е сега ова, објасни пратеничките Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.
„Ако е тоа вистина, тоа е страшно, да имаме некој во пратеничка група. Кога ние се кандидираме за пратеник тогаш имаме досие дали сме осудувани, дали се водела постапка против нас. Стандардна процедура без која не можете да помислите да ви ја потврдат кандидатурата во ДИК. Извинете ама тоа не е прекршок што застарува за година дена“, вели Калеска Ванчева во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.