Мината година имавме парламентарни избори кои беа предвремени, за потсетување по Преспанскиот договор, а народот јасно кажа дека ја дава довербата на СДСМ и коалиционите партнери рече пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева во гостувањето на дебатната емисија на МТВ.
-Апсурдно е сега по локалните избори да говориме дека Владата мора да падне за да биде детронизиран Зоран Заев со познатата реторика на опозицијата, па ние цела година слушаме дека опозицијата се најавува ново мнозинство, додате таа.
Според Калеска-Ванческа секоја влада работи на зголемување на довербата кај пратениците и граѓаните и тоа право го има секоја партија.
-Ако говориме за лажење и манипулирање имаме на другата страна, на кого да веруваме на Мицкоски и Апасиев кои сакаат да не однесат далеку од евроинтеграциските процеси, граѓаните треба да ги прочитаат нивните политички програми, рече таа.
Калеска- Ванческа ја коментираше изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Мицески кој вели дека не е важен потписот на Апасиев бидејќи не се работело за идологија се работело да се сруши хибридниот решим на СДСМ и ДУИ.
-Па се прашувам ако не се работи за идеологија, на која идеологија ќе почива новата Влада на чело со Апасиев и Села, па платформата идеолошка на една партија или коалција е како ќе се движи државата во иднина, појасни Калеска Ванчева.