144
Законот за попис ја дава рамката односно како паралела со Уставот, значи имате рамка по која треба да се однесува. Потребна е методологија по која Државниот завод за статистика би го спровела пописот, вели во Топ Тема, Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.
-Тоа се општо прифатени мери кои треба да бидат попишани, ние сме една од државите кои има традиција на иселување. Мораме да направиме дистинкција јасно да ни бидат определени работите. Минатиот попис пропадна од политички причини за него се води и судска постапка. Страшно е што 18 години во земјава се нема спроведено попис, вели Калеска Ванчева.