Калеска-Ванчева: СДСМ поддржува една ИЕ со консензус, ВМРО-ДПМНЕ блокираше

од Nikola Popovski
322 прегледи

Веќе имаме научено дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која што се задскриваше и нивното лицемерие не се покажува само сега туку и со многу други законски решенија, во однос на ова предложено законско решение за една изборна единица, вели Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Според неа, ова е програмска определба на СДСМ уште од 2016 година и истото е преточено и во програмата од 2020 година.

-Веќе ние имавме еден обид за отворање на дискусија за една изборна единица, но тогаш ВМРО-ДПМНЕ го блокираше и добро е што сега се премислија и што имаме консензус како најголеми политички партии заедно со помалите политички партии да ова прашање се отвори како што личи а тоа е во Собранието. Времето ќе покаже дали е некој лицемерен и ако е да видиме кој е тој што е лицемерен, рече Ванчева одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини