Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева синоќа во емисијата „24 Анализа“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се јасни и конзистентни, „наводно се за ЕУ ама нема да гласаат за уставни промени, како што беа за НАТО но не сакаа да гласаат“.
-Ние имаме сериозни предизвици пред нас, во делот на правосудството, образованието, администрацијата, многу домашна задача што треба да ја завршиме. Клучна работа е што ние дојдовме до моментот кога имаме билатерален скриниг и кога отворањето на правите поглавја ни зависи од уставните измени, рече Калеска Ванчева.
Пратеничката Калеска Ванчева нагласи дека „ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е најголемата, најодговорната, најнародната партија во Македонија, а се поставува сосема обратно“.
-ВМРО-ДПМНЕ не мисли за иднината на нашата држава, ВМРО-ДПМНЕ 11-12 години не направи ништо за приближување кон НАТО и ЕУ и се ставаше под тепих и тогаш очигледно тогаш не постоеше ни криминал, правосудството беше супер, администрацијата беше супер, се беше супер, немаше корупија и сега ние почнавме да ги реашавме проблемите, тука е разликата, никој не кажува дека нема проблем, но дали си спремен да се соочиш со проблемот и да собереш сила да го решиш, тоа ВМРО-ДПМНЕ не научи досега да го прави и очигледно ќе треба уште време да научи, порача Калеска Ванчева.
Во врска со уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, Калеска Ванчева рече дека уставните измени мора да се случат и тоа најдоцна до ноември, за опстојување на евроатлантската определба.
-Власта е одговорнa да има 61 пратеник, но обезбедување 80 пратеници за уставни измени за ваква крупна историска работа, која го определува правецот на развој на државата не го определува само власта, овде се на испит сите 120 пратеници. Ние то мораме да го научиме. Националниот консенсуз треба заедно да го градиме, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „24 Анализа“.