Калевска-Ванчева до Димовски: На Груевски му застаре делото, и тој ли е близок до власта?

од Aleksandar Todeski

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска-Ванчева во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека граѓаните го прифатиле концептот „Едно општество за сите“ и дека очекува истиот да биде се повеќе препознаван од граѓаните.

„Концептот „Едно општество за сите“ функционира, граѓаните сфаќаат дека само така може да живееме сложно. Тој концепт е прифатен од сите. Во 2016 година конечно се случи, нудејќи го овој концепт, биде препознаена како вистинска. Тоа ќе се повтори и се повеќе и повеќе тој концепт ќе биде препознаван од сите“, рече Калевска-Ванчева.

Пратеникот Илија Димовски пак, рече дека било грешка на ВМРО-ДПМНЕ  фактот што не успеале да воспостават директен контакт со сограѓаните Албанци и дозволиле невладини блиски до СДСМ да ги претстават во друго светло.

Во врска во владеењето на правото, пратеничката од владејачката СДСМ рече дека се уште постои влијание и клиентелзиам во судството, но како што рече, од опозициската партија.

„Ако говориме за владеење на право, не може да говориме поинкау дека криминалот, без разлика од каде и да доаѓа мора да биде гонет. Јас искрено сметам дека немаме проблеми. Ние имаме проблеми, меѓутоа тие проблеми не се од денес или вчера, туку тие се наталожени.  Имаме проблеми и во функционирање на обвинителството и судството, но тоа е нешто со што треба да се позанимаваат Советот за ЈО, судскиот совет и да не го заборавиме Врховниот суд“, рече Калевска-Ванчева, на што пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски врати дека во моментов има еклатантно извршување на волјата на извршната власт од страна на судството.

„Секој кој е близок до оваа власт или не е гонет или му застарува делото“, рече Димовски, на што Калевска-Ванчева возврати дека му застарело и делото на екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и го праша пратеникот дали и тој е близок до актуелната власт.

 

Слични содржини