
По Тери Ричардсон, друг познат моден фотограф беше обвинет за сексуално вознемирување. Овој пат станува збор за Брус Вебер, а жртвата е млад манекен, кој поднел тужба против него во Њујорк, пренесе Франс прес.
Според тужбата, претставено пред Врховниот суд на државата Њујорк, 71-годишниот Вебер, кој работел за списанието Vogue и придонесе за градење на имиџот на познати брендови, како “Келвин Клајн” и “Ралф Лорен”, го малтретирал манекенот Џејсон Бојс во декември 2014 година за време на фото-сесијата која била правенаа во неговото студио во Менхетен.
Вебер побара од Бојс, кој тогаш имал 28 години, да се соблече пред да го опипа. Потоа го натерал младиот човек да го бакне. “Ако ова ти изгледа како доверба, можеш да стигнеш далеку – рекол фотографот. “До каде сакаш да одиш?” Кои се твоите амбиции? ”
Случајот е покренат исто против агенцијата за манекени, за која работел Бојс, и против нејзиниот шеф Џејсон Канр. Во тужбата се наведува дека Вебер имал слично однесување и кон други мажи манекени, кои му биле испратени од агенцијата “соул артист”.