Камала Харис бара уште една дебата со Трамп, екс-претседателот не сака ни да слушне

од Nikola Popovski
83 прегледи

Демократската претседателска кандидатка Камала Харис изјави на партиски митинг во Северна Каролина, една од американските сојузни држави клучна за исходот од ноемвриските избори, дека верува дека на гласачите им должат уште една дебата.

Неколку истражувања на јавното мислење покажаа дека Харис го надминала републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во првата претседателска дебата, пренесува „Voice of America“.

Трамп најави дека нема да учествува на трета претседателска дебата, втора со Харис.

„Кога борец ќе загуби натпревар, првото нешто што го бара е реванш. Анкетите јасно покажуваат дека во вторникот вечерта победив во дебатата против мојата пријателка Камала Харис – кандидатот на радикалната левица кај Демократите. Таа веднаш повика на нова дебата“, напишал поранешниот претседател на социјалната мрежа „Truth“, обвинувајќи ја актуелната администрација за лошата состојба во државата.

Тој нагласил дека „трета дебата нема да има“.

Дебатата привлекла 67,1 милиони телевизиски гледачи, покажуваат податоците на „Нилсен“.

Додека Трамп во својата објава истакна дека анкетите покажале дека тој победил во дебатата, неколку анкети покажуваат дека испитаниците сметаат дека Харис поминала подобро.

Меѓу гласачите кои рекле дека слушнале барем нешто за дебатата во вторник, 53 отсто навеле дека Харис победил, а 24 отсто дека Трамп победил, според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена во четвртокот.

Анкетата покажала дека 54 отсто од регистрираните гласачи веруваат дека е доволна една дебата меѓу Трамп и Харис, додека 46 отсто од нив сакаат втора дебата.

Слични содржини