Потпретседателката на САД и најверојатниот демократски кандидат за претседател, Камала Харис, ја одби поканата на нејзиниот ривал и поранешен шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, да ја имаат првата дебата на ТВ Фокс њуз следниот месец.
Трамп претходно на својата социјална мрежа објави дека се договорил со таа американска телевизија да одржи дебата на 4 септември во Пенсилванија, со присутни модераторот и публиката на мрежата. Пред повлекувањето на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден од трката за реизбор, на 10 септември на ABC беше закажана втората дебата на претендентите за највисоката функција во САД.
„Дебатата за Еј-Би-Си е откажана“, рече Трамп, наведувајќи ја одлуката на Бајден да се повлече и неговата судска постапка против водителот Џорџ Стефанопулос, за која тврдеше дека е „конфликт на интереси“.
Мајкл Тајлер, портпаролот на изборниот штаб на Камала Харис, во изјавата рече дека „Трамп треба да престане да игра игри и да се појави на дебатата на која веќе се обврза на 10 септември“.
„Доналд Трамп е исплашен и се обидува да се повлече од дебатата на која веќе се согласил и да трча директно во Фокс њуз за да го спаси“, истакна Тајлер.
Ниту од штабот на Трамп не останаа должни на своите ривали.
„Звучи како Камала Харис и нејзиниот персонал да се „премногу кукавици“ за да прифатат рана дебата“, напиша портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чанг на X.
Неколку дена откако сегашниот американски претседател Џозеф Бајден се откажа и ја поддржа Харис за кандидат на Демократите, Трамп рече дека е подготвен неколку пати да дебатира, но подоцна рече дека ќе учествува во дебатата само откако демократите официјално ќе номинираат кандидат. .
Предизборниот тим на Камала Харис претходно објави дека таа обезбедила доволно гласови од партиските делегати за да стане претседателски кандидат на Демократската партија. Процесот на онлајн гласање завршува денеска.