Камавинга се извинуваше за црвениот картон против Арсенал

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се огласи на социјалните мрежи откако судијата Ирфан Пељто му појажа црвен картон за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал.

Ѕвездата на Реал Мадрид во судиското надополнување беше исклучен, кој одлично се снајде синоќа на „Емирати“ во меч во кој „топчиите“ победија со 3:0.

„На сите Мадридисти, мојата фрустрација ме надмина на крајот од натпреварот и за тоа сакам да се извинам. Мора да продолжиме да веруваме и ќе ни требате во реваншот. Сите заедно! До крајот! Хала Мадрид!“ напиша францускиот играч за врска.

Реваншот се игра во Мадрид на 16 април од 21:00 часот, а ќе видиме дали Реал ќе успее да ја надополни оваа голема негатива.

Слични содржини